табан м.

табан (м.)

Во лавиринтите на Министерството без прозорци клима-уредите одржуваа нормална температура, но надвор тротоарите ги печеа табаните, а смрдеата во подземната железница во време на најголемата навалица беше ужасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Униформата му тежеше на рамениците, тротоарот му ги скокоткаше табаните, дури и отворањето и затворањето на шаката му претставуваше напор од кој крцкаат зглобовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оттука кај што стоиме, од под стопала, под земји ако тргнеш, од другата страна под табани ним ќе им испаднеш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеа молкум, загледани во себе и пред себе, во земјата која како единствено да жалеше зашто тој ден не ги почувствува табаните и живата душа на Сане Сандин, не му ги сети нозете кои како да не беа од крв и месо сочинети, туку од грутки печена црвеница, како од корки сува јеловица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сети се кој ти ги знаеше шарките на петите, лузните на табаните и глуждовите твои, возбудените удари на срцето твое?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме болат табаните Од вашата немилосрдност, Мили мои, Во намерата Да ги сечете гранките И да ги плетете како години Под чија тежина Старееме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК