талка (несв.)

Ветрот му ја надува кошулата и закачливо го талка назад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Буден, а немаше никаква разлика дали сѐ уште продолжува да талка низ заутеноста, која не беше никаков сон, или е присутен на таа виделина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И талкаше така, еден сам човек, низ таа дива шума во снегот; се пробиваше тој низ магличавата пепелавост меѓу стеблата, длабокиот снег му го врзуваше неговото чекорење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сега со години талка сам низ полето и ги собира стакленцата од очилата на детето некогаш што седеше во првата клупа и кое најубаво ја кажуваше песната: кога е војна – секое дете е јаболко расечено на две половини кон земјата зелена кон небото – црвена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Талкај по туѓината на Градот, а топол. Не испуштај ја жестината од очите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа си думам, вели, ко ќе почне за празнициве да талка по селава, да му залегнам во некој ендек и да му ја скинам сенката. Друго не ми останува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дали само лунѕа, безнадежно талка или, и таа, скапува заедно со него?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегов во центарот на градот и се вртам така: талкам, се ѕверам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
промени промени - како на медуза - јас сум госпоѓицата осуденик - во непознатите дрвја - таа залудно талка по изгубеното клуче каде е клучето - каде е слободата - недопирлива во далечините-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На дното на ноќта, девојче во парталаво фустанче талка низ завеаните улици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Доцна ноќе, кога толпите од разулавени пролови талкаа по улиците, во градот се чувствуваше необична напнатост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби сосем ќе се откажеше од намерата да проговори, ако во тој момент е го здогледаше Емплфорт, поетот со влакнести уши како самотно талка низ просторијата со подавалник во рацете, барајќи место да седне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе