тамбура (ж.)

Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од соседната улица се слушаа звуци на тамбура; се извиваше некаква заплетена турска мелодија, долга и пострашна од крива сабја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Почна нервозно да свири и преку познатата песна: Мори слушај, слушај, Калеш бре Анѓо, што тамбура свири, да ја праша и наговорува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ја слушна и последната строфа од песната, ја запре свирката и ѕверски и се впи во очите: зовре од гнев и лутина, та замавна и силно ја удри со тамбурата по глава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тамбурата се распрсна на парчиња, а од главата шурна крв и и го облеа лицето. Но Анѓа остана мирна крај ѕидот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тамбурата и оној јаснозвучен весел глас тажно се стопија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некаде во средината затропа дајре и засвире тамбура.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа теловите, засвири и викна да пее: Отруј се, отруј, Мишо, мори, Зошто да си жива!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Море тој на тамбура место жица влакно од коњска опашка врзува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го повикувале на свадби, на сунети и на празнични седенки да везе на тамбура украсена со седеф.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кадија почна да суди Илија почна да свири кадија почна да игра фрли чалмата в мутлуми фрли чалмата в мутлуми и на Илија говори: Илија море делија алал ти се момите ем калешести невести ем сиротици вдовици со таа пуста тамбура срцето ми го разигра.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не помина миг време, кога од некаде, од кај ридовите, од над селото, од прнарите, од леските, од кај трњето, од кај капините, од зад сливите, од зад сувите треви, Алајко и Мире слушнаа свирки, тапани и тамбури, ечеше божја музика, божја милина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Напредуваш ли во тамбурата, вели бегу?“ најпосле му ја најде Сандри слабата точка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Покрај него, на миндерот, стоеше разотворена книга со стихови, а малку потаму, скоро поттурнати, еден арапски ут и една тамбура.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас го сакам утот, ама сакам да ја сакам и тамбурата - разбираш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И во пеењето – спомен, ја има Фанка која бери грозје лисичина и падарчето кое ја фати, а не сака бакшиш пендолира, туку сака, леле, црни очи... и калеш Донка и Калината руса коса како тељови за тамбура и лулашката на Ѓурѓовден и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И називите на неколку музички инструменти се од персиско потекло, како: зурла, саз, тамбура, ќемане.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)