танц (м.)

„За мојата лекарска магија, за два танца на остриот скалпел.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Среде голем квадрат, од разноцветни углачени плочки - за танц...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Е, добро, ќе ги наречеме јужнословенски танци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вешто и брзо го сторил тоа како човек помеѓу чии два чекора секогаш лежеле близнаците животот и смртта тетеравејќи се над темноврела лочка со крената глава, чиниш се потпира на шурката крв, животното се завртило во круг, еднаш двапати и трипати, и таквото движење можело да биде само мртовечки коњски танц, игра и занес на пијанство е умирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А козарите, загледани во ноќниот танц на ѕвездите, охрабрени од земските сокови на последните тревки што ги брстеше козичката, погледнаа кон небото, небаре ги молеа божествата да ја одржат жива храбрата козичка до блесокот на сонцето. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Било да се поврзани генерално со авангардата или со нејзините манифестации какви што се надреализмот и експресионизмот, односите помеѓу танцот, индивидуалитетот и новите изразни форми (на ниво на текст или цртеж) се мошне видливи во романот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во времето кога „Танцот со волците“ конкурираше за наградата на Академијата, оние кои навистина сакаа да бидат во тек со настаните знаат дека учеството во ова веќе започнато национално преиспитување зависи од нивната идентификација со оние „другите“, маргинализираните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Песна сум твоја деветта, танц на немирот твој непоттикнат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Суштината на танцот со лебедите и натаму останува непроменета: заведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Преку ритмичниот танц на зборовите што го придружуваат болниот, терапевтот и клиентот трагаат по нарација која ќе донесе оздравување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Необичен празник за неброените играчки кои, распрснати околу самовилите ги слулеа тој чуден понес, тоа никогаш не им се случило, ете, вклучени во ритамот на танцот, го покрија лизгалиштето во недоглед.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како посилници Дедомразовски, така си вообразиле во своите главчиња, за време на големиот танц не играа, само дежураа, а додека едните го правеа тоа, другите подзадремуваа на санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Стоп! – измукаа елените на својот еленски јазик, кои учествуваа во големиот танц не помалку од другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зад неговите цврсто стиснати очни капаци шума од прсти изгледаше како да мрда во еден вид танц, нишајќи се, исчезнувајќи еден зад друг и повторно појавувајќи се.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ме земаше и мене. – Белки танцот со грофот Чано не ти беше еднинствениот? – Може така да се рече.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка замолче. Татко продолжи со загрижен тон: – Со твојата приказна за танцот со грофот Чано, ќе предизвикаш збрка во нивните глави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во неделите кога се приредуваа игранки со своерачна свирка, по машките и по женските соби, покрај другите подготовки, се увежбуваа и чекори за новите танци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ околу нас се врти. Танцот на мислите е брз и тешко се следи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Никогаш Демијан не сретнал Ром во животот, ништо не знае за нивниот танц и нивната музика, ништо не знае за балканските ритми, никогаш не бил во Европа ниту пак знае мојата земја на карта да ја покаже...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
-Луѓето забележуваат дека паѓа снег, но ретко кој успева да го следи танцот на снегулките.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК