тезга ж.

тезга (ж.)

Мириса на месо, а во вечерните часови, кога и јас бев овде, најмногу имаше клошари, кои во торбите ги собираа отпадоците фрлени од тезгите или во изметиштата кои ги имаше на сите страни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пошаренолик пазар ретко може да се замисли: тезга со гингуви, ѕидишта со килими, потоа расфрлени комбинезони, потаму папагали, па папуџии, до нив калајџии и бакарџии...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајпцишкиот саем претставува поим на европскиот пазар, каде што Исток и Запад ги отвораат своите тезги и нудат стока едни на други.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сведок на најинтимни исповеди, со љубезна полунасмевка,стоеше одзади тезгата, сигурен, свој.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Оти, кога од автобусот ги здогледа многубројните тезги на Бит-пазар, рече: - Е, сега ќе се симнеме на оваа станица и ќе одиме право во дуќанот на Анка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Она што е чудно е тоа што истиот овој човек се наоѓа и пред и зад тезгата. Час е продавач, час купувач.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сепак љубопитството ме натера да испитам како стојат работите по другите тезги долж патот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Шетавме, божем незаинтересирани и чекавме продавачката да се сврти, да услужи некоја купувачка од страната на тезгата со панделки и разни конци и во тој миг да мавнеме по некое копче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеднаш Дејко со глава нишна накај копчињата на тезгата за галантерија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Улицата уште е пуста, продавачите на дребулии уште не ги распослале своите тезги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кенефот Весел беше кодош во приватната детективска агенција „Фрли па барај“, која во последно време држеше тезга на кванташкиот пазар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа ќе се вртка околу тезгите, преправајќи се како да бара врвки за чевли и конец за шиење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во единствената и голема антикварница на книги во која влегувам како во црква, со саати се вртам по тезгите и зевам по рафтовите, не осмелувајќи се да земам в раце изданија од Горки, Достоевски, Толстој.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Жените победнички, туркани и изгазени од другите, се обидуваа да заминат со своите тенџериња, додека десетици други остануваа да се туркаат околу тезгата, обвинувајќи го продавачот за протекција и дека некаде крие уште тенџериња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Љубоморен сум кога некои комплети ги снемува од тезгите и рафтовите и тогаш болката што ја чувствувам ја лекувам со по некоја позајмена книга од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се покажа дека на една од тезгите се продавале тенекиени тенџериња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другите деца си купуваа за себе по охридските тезги на отворено. Што не имаше по нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каков прстен! Најубавиот што го имаше на тезгите. И скап. Голем.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И на клучот златен ги видов истите букви, иницијали, како и на клучевите на тезгата на чудниот трговец Амореец, на пазарот во Дамаск!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во одајата негова немаше чаша, ни клучот златен од тезгата од пазарот во Дамаск го немаше, оти тој беше цврсто забиен во клучалницата на гревот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе