тек (м.)

Тој коренен преврат, ако станува постепено во текот на цели векови не е опасен, зашто едни делови од него се однесуваат за едни поколенија, други за други поколенија, така што едни делови преминуваат по наследство, како народно наследство, и само некои се нови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, во текот на последниве 25 години односите помеѓу Бугарија и Македонија почиваат не врз почва на еднакви традиции и задачи, а на чисто трговска основа т.е. едниот го експлоатира другиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мисирков не беше и не можеше да биде против самата ТМОРО, но тој многу продорно, уште во самиот тек на настаните, ги согледа слабостите што загрижено и ги потсилуваа некои заинтересирани странски фактори, не одбирајќи притоа методи и средства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На овој универзитет Хегел ја започнал својата филозофска дејност, во почетокот под големо Шелингово влијание, но набргу сосема се осамостојува и со текот на годините го развива и го употполнува својот филозофски систем.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Тековите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што ѝ е нужно време на капка алдехид да се испари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се заврте и појде кон железните ребра, пак, уште еднаш, течејќи против текот на разбранетоста, шарена и густа река на луѓето. Како крмнак во густа и жива шума.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А сега, колебливо, несигурно, со триста недоверби, а сепак, секогаш сѐ подлабоко, тој успеваше да го сети како свој еден сосема нов поглед, еден нов клуч, со кој можеше да никне во сите тие прикриени текови под скаменетоста на она, што го знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
О, тој не сакаше ниеден од нив во текот на ноќта да се испече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во текот на петдневната дискусија се изредија говорници „за" и „против" општо востание, дури најпосле Даме со неколку збора не ја прекина расправијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој веќе го знаеше текот на животот и имаше јасна претстава за сите појави и настани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патот нѐ водеше сѐ по текот на реката Урт и можеби затоа што овде речиси секогаш дните се врнежливи, природата беше многу раскошна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, од нив Холанѓаните не се откажале и, во една пригодна, малку поизменета функционалност, им нашле место и во сегашните текови на стопанисувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ е организирано така, да се држат најточни, најбрзи врски со берзата и со оние, што се заинтересирани за текот на купопродажбата на акциите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сонот го следеше својот тек: и во него први беа скалите, дрвените скали на старата куќа по кои се качува, па кујната со маса наместена како за ручек со шарен извезен чаршав, соларник на сред и четири чинии околу, потоа надесно, кон собата во која спиев со Мајка, таму, веднаш таа-лежи на креветот, до половина покриена со јамболија под која ја насетувам мекоста на крупното тело.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Најнапред мора да се потсетиме на фактот дека времето за кое зборува Чинго е по многу свои белези слично на времето што го преживува Русија во текот на Првата светска војна, Револуцијата и контрареволуционерните напади врз неа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Понесеноста на раскажувањето, интонацијата на реченицата, текот на фабулата, сето тоа кај Чинго одекнува со акустиката на кажуваниот збор, нѐ маѓепсува со својата говорна синтакса.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некои веќе велеа дека или во текот на ноќта или утредента ќе одиме на линијата, во борба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК