темане ср.

темане (ср.)

Акиф излезе и по кратко време влезе Суљо. Направи темане и застана до врата да ја чека наредбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот. Co злоба и гордост која може да ја има само средновековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гавазот излезе и веднаш се појави на вратата Суљо-ага. Со длабоко темане и тој го поздрави кадијата како гавазот пред малку. – Сабанаролсун, сабанаролсун, Суљо-ага, бујрум. Кога толку бргу се врати?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ибн Пајко направи темане со почит: „Да ти се многу години, вели пашо!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, тој скоро насмевнат влезе кај санџак-бегот, правејќи темане и поздравувајќи го само навидум покорно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го поздравија бегот со темане и Марин Крусиќ, кој веднаш се претстави, ја грабна и кошницата од рацете на Сандри, и двете ги положи пред нозете на бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)