тематика ж.

тематика (ж.)

Ги има објавено следните публикации, и тоа главно со тематика од НОБ и напредното работничко движење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Морисеј беше тој што ја наследи Ворхоловата бизарна тематика и работа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со тежиште во номиналната тематика, со промените во општествените услови, со појава на нови автори се проширува и кругот на теми, што сатирата ги зачнува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тематиката на „враќањето”, се пренесува низ повеќе мотиви: на моменти таа се поврзува со доживеаната историја, а во други, со елементите на меморијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Законот за мирно решавање на работните спорови (2007), 1 кој е lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, ги уредува начинот и постапката на мирно решавање работни спорови; изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите, како и другите прашања кои се од значење за мирното решавање на некои „најчести“ работни спорови – што значи не се однесува на сите видови спорови кои, евентуално, можат да произлезат од комплексот на работните односи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни и против неа не е допуштен спор пред надлежниот суд (чл. 183, ст.3-4 од ЗРО). Lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, како што видовме на почетокот на книгава, е Законот за мирно решавање на работните спорови (2007) кој започна да се применува од почетокот на 2008 година, но сѐ уште не наиде на добар одѕив во праксата. 247
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Картони, пластични шишиња и тетрапак амбалажа поминуваа пред куќата на Павле како во некој нем филм со еколошка тематика.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Внесеноста на машката геј-култура во стилот како сопствена тематика имплицира својствено машки геј-облик на читање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)