тенк (м.)

Неговите милион трактори во секој час можат да се претворат во толку тенкови.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сега ќе дојдат со тенкови и ќе нѐ покосат како пилци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ќе дојдат... шипинки! - радосно извика Трајче. Тенковите не можат да се качат тука в планина.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вечерашните боишта се градини и плодни ниви, од стопените тенкови се леат детски локомотиви.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога челичните чудовишта, - тенковите, тргнаа в бој, тенкистите останаа зачудени: илјадници деца беа испречени на нивниот пат и фрлаа врз нив маслинови гранчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој ден не пукна ниту една пушка, не излета ниту еден авион, не рикна ниту еден топ, не пројде ниту еден тенк и ниту еден генерал не даде заповед за битка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие можеа да се мешаат и со авијација и со тенкови и со инструктори, друг не може.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Теренот е благ, патиштата сложни, и тенковите се качуваат секаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му реков: Брчеа авиони... Можеби нивниот брчеж ти се присторил како тенкови...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пак ли сонуваше? го прашав. Истото... рече тој. Налетаа тенкови на ровот и нè смачкаа...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За време на војната, во фабриката почнал да произведува делови за тенкови, авиони и секаков вид оружје. Станал еден од најбогатите во градот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тенкот, подморницата, торпедото и митралезот, па дури и обичната пушка и рачната граната, се сѐ уште во употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете така, и во неговата земја, кога младите мажи од неговата генерација почнаа да ги носат дома во лимени сандаци, тенковите почнаа да значат повеќе од зборовите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој знаеше дека ако вистински се заложи, не со пушки, не со бугарски тенкови, туку со упорна агитација, ситуацијата може да се среди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она, дека лично другарот Ѓурчин го назначил за партизански столар при крајот на четриесет и четвртата кога му наредил да ги изработи оние ковчези за испотепаните кај Крупиште, бидејќи по главниот друм тогаш шетале германски тенкови што се враќале од Грција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни кажуваа дека Југославија беше меѓу четирите земји во светот кои произведуваа подморници, се разбира покрај авионите, тенковите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе