тенок прид.

тенок (прид.)

Плачејќи, до себе студената ја гушна глава ко бршлан којшто јавор млад прегрнува,се припива до таа тенка става .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
5. Банки дигнаа палати распнаа мрежи широки, банки дигнаа палати и кули тенки, високи: нагоре кула висока надолу земја длабока.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Грижливо ја изделка корката, со парче тел го издлаби босчето како цевка, а по тоа зеде едно потенко багремово гранче, го дупна насреде и со него го затна отворот на црцалото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече весело стана, го погледа со гордост своето дело и наеднаш му текна да го испроба: од долниот отвор му сипа вода до половина, по тоа го стави чамовото дрвце во цевката, го притисна силно и тенка, остра струјка вода блисна далеку нагоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Достините јадења и пиења: мазник, ракија со мед, булиња, погачки на тенкото сито, на црковната трпеза предизвикаа чудење и завист кај витолишките невести и мажи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Горната усна се отвора, станува тенка; носот потемнува и се протега преку челото: на неговото место остануваат само две широки ноздри; кусите клепки се повлекуваат в месо; под нив, место очи, светат две голи полжавчиња.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Капсула, до појас стегнат во меки гумени чизми, го тера дедото да му се качи на грб да го пренесе до ѓумето а овој се буни, одбива, но тоа сѐ некако тихо и неуверливо, плашејќи се внукот да не го послуша и да не го остави да ја гази водата леко пориена со тенка стаклена кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ушчоме, не сме јабанџии, милозливо вели жената и му подава слатко од дуњи во црвеникаво ребресто поте на долгунаест порцелански послужавник, оивичен со тенка сребреникава метална плетенка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трепереа тенките усни на Велета, а од очите му искреше пламен, кој сечеше како остер нож.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го праша еден од работниците својот сосед, којшто се мачеше на слабата светилка на огнот, да вдене дебел конопен конец во тенка игла.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митко е ученик и седи на масата. Од својот буквар учи стихотворба и гласно чита: Маче мое, галено, со муцунче шарено, мирно ти ми седи и потенко преди.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Исцрпениот Арсо го заменува Павле. Им се сака да веруваат дека карпата е тенка и пробојна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо го заковува погледот во една точка, таму над главите на луѓето каде (тој добро забележува) се лула тенка пајажина, останата нефатена од метлата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во измаглините таму се нишаат две тенки мургави раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе