тепе ср.

тепе (ср.)

Таман, тој со дружината го префрли Султан тепе, втаса француската коњица, но не ја префрли српско- бугарската граница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ќе те сретне вториот сосед и ќе те праша дали со тебе долетуваат или сами од себе се појавуваат од земја камените глави од Месопотамија, глинените садови од долината на Нил, бронзениот лик на Ацтечкиот крал, амфората во која се криел синиот тамарис на Сафо, мермерната плоча од Анталија, црвената грутка од Долината на монасите од Кападокија, молитвениот камен од Радика во кој и сега коленичат Богомилите, црниот камен од вулканот на Санторини, или шарата со проклетствата на Перун од Ел Тепе?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Небаре имаше на ум дека е сега тепе на времето, ама дека од тепето секогаш мора да се слезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За многу чаршијлии ти си сега тепе што не се досега.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)