тељал м.

тељал (м.)

Кога ќе дојдеш, со мураќип ќе ја типосаме таа работа, а тељаљот ќе објави низ народот. Голем џумбус ќе направиме!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)