тифус (м.)

Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Господе, да не сум добила нешто огница, што се вели, тифус или маларија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали од тифусот или од друго, не е моментот да го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Од туберкулоза или тифус?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сме биле кај него не ќе сме морале да заминуваме за Гаково, Лена не ќе пиела нечиста вода од бунар, не ќе се разболела од тифус и сега ќе била жива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во селото, додека лежев болен од тифус, таа за цело време додека сум бил во бессознание, не водејќи сметка дека и самата можела да се разболи, била крај мене.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А сушицата и тифусот се опаки болести особено кога се добиваат по надлежност на Великата Порта и Везирот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)