товарен прид.

товарен (прид.)

Таа така си кроеше: тројца браќа се: Стојо, Илко и Трајко; три куќи; три таками за куќите. Море — волови; море — овци; море — товарни добици, пашита, море — нивје за тројцата браќа, три пералника, три месариика, три ѓума, три тави, шест тепсии.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Сите да сакаат пак да дојдете. А за прање, ако треба и ајван товарен да донесете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Безбели некого од Орленци ќе најдеме да ни раскаже понатанко. Уште над село втасаа еден пристар човечец со товарено магаре дрва.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попатната панорама кон Келн ја дооформува пловната река Рајна низ која, од север и од југ, се влечат многу товарни бродови и шлепови, полни со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми велеа дека преку Рајна минуваат петнасет моста, а по Рајна деноноќно се влечат бродови, најмногу товарни и таа денес е главна сообраќајна артерија, главна, за превоз на стоки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Удира во бродот што ќе нѐ крене. Товарни брод ,Одеса", СССР.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помина случајно дедо Петко со магарето товарено дрва пред него и тој со една ластегарка на плеќите и фатена со двете раце од назад и речиси од тукутака, колку да ни проговори, ни рече: - Што правите тука бре обесеници?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Хелвиг го испрати моторот со товарен вагон.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На првиот колосек стоеше долга композиција товарни вагони на кои веќе им беа отворени вратите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Една Пловечка тврдина, на пример, содржи во себе толку труд колку што е потребен за да се изградат неколку стотици товарни бродови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пелагија со Малечката Пелагија и Мурџо минуваат низ жолтозлатната есен, газат по илјадниците лири истресени од стогодишниот брест онде од товарната платформа, газат по нив и по облата, излижана гранитна калдрма што тежи врз уличката од предната страна на фабриката Мичурин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Камерата е во товарниот дел, снима зад церадата што се отвора и затвора како што полицајците сецкаво искокнуваат од камионот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Три железнички транспорти со издолжени композиции формирани главно од товарни вагони, Евреите од новите предели беа дефинитивно транспортирани на север.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се товарија на товарни камиони и чекаа во готовност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние не отстапувавме и сѐ повеќе се собираше народ, запрежни коли, говеда, кози, овци, запрежни коли и товарени магариња... – Назад! – викаа – Назад! Наредба е да бегате кон Пероо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше многу деца од многу села, но јас знам дека нас од нашето село нѐ качија во еден товарен воз и нѐ однесоа до унгарската граница...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии –  работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава –  бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По цел час очајничко сигнализирање на автомобилите и товарните камиони кои брзајќи поминуваа низ невремето, конечно ѝ се смилува возачот на еден стар автобус.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК