топовски прид.

топовски (прид.)

Како што неочекувано топовските пукоти започнаа, така одеднаш, неочекувано, стивнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Неколку дена подоцна директниот погодок на топовското ѓуле го распрсна по тврдата, заледена почва.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Однадвор почнаа да допираат придушени топовски пукотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Сега!“ му вика Геро со крената рака како командант на топовска батерија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Подеднакво ги мешаат и историските времиња: епските песни со фантомите на непризнаените кралеви, овие пак со црвените комунистички ѕвезди, гуслите со борбените труби, трубите со топовските цевки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заспани гардисти имаше и околу куќите што потсетуваа на бункери од чии прозорци ѕиркаа топовски цевки, црни челусти на железни змаеви.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Џамијата ќе настрада од топовски ѓулиња, за време на Турско-австриската војна...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Едо, здогледувајќи ѝ ги нозете над коишто високо се вишеа нејзините рамена, почувствува во себе некоја сила што чиниш сакаше да го фрли кон неа како ѓулето од топовската цевка кога ќе прсне капислата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Горе на оџакот на едната страна дрвен толчник, а на другата една бакарна топовска граната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука, на Грамос, македонските и грчките момчиња и моми, бранејќи ги безводните ридишта и чуки, гинеа под оганот на топовските и минофрлачките гранати и под бомбите и напалмот што со бродови стигнуваа од Америка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево и десно се извишуваат многулетни буки на чии стебла се гледаат длабоки греботини, остатоци од шрапнели на топовски и минофрлачки гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Цело време нѐ придружуваше само тишина и шумолење на ветерот меѓу дебелите стебла на боровите и буките олишени од авионски, топовски и минофрлачки гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Навикна и на топовските и минофрлачките гранати и на рафалите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Усвитено парче од топовска граната му го расече левиот бут од над коленото до колкот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)