тореадор м.

тореадор (м.)

Четворица тореадори маслинки собирале во Шпанија, а во Катанија и во Романија береле бамји и боранија.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Првите цртежи на уметникот прикажуваат бикови и тореадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На телевизија прикажуваат некој стар тореадор кој на следбениците им вели дека претераното зјапање во црвено понекогаш се нарекува полни очи празни раце.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)