трампа (ж.)

Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некои племиња во Сибир трампаат неколку овци за една печурка amanita muscaria и ја користат како оргијско средство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кој вели Пазарно стопан­ство, ја прифаќа трампата, и правото да разменува производи или производни техники.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Напати, баш како и сега, на Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се прави трампа на стари фотографии и пожолтени сни и педантно се сортираат сите биле-поминале гушки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во врска со трговијата ќе се употребуваат турцизмите: локанта, капара, пакет, лонџа, симсар, трампа, додека од термините од поморството почесто се среќаваат следниве турцизми: капидан, левент, скеле, тимон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)