тренинг м.

тренинг (м.)

ФЕЗЛИЕВ: Јас само така... заради тренинг. Му потребува тоа понекогаш на човека. Му го спасува животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со интерес го следиме тренингот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По тренингот на подмладокот започнува натпреварот меѓу екипата од седмите и екипата од осмите одделенија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Фаерабенд се запишува во офицерска школа, надевајќи се, залудно, дека тренингот ќе трае повеќе отколку војната.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Разграноците на оваа технологија, како што е Валдерновата авантуристичка игра, не треба да ни го одвлекуваат вниманието од тековните примени во молекуларната биологија (скратување на молекули со помош на вид и допир, во воздухопловната симулација, медицинскиот тренинг, архитектурата, индустрискиот дизајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но јас би ве замолил да ја прашате госпоѓицата дали би можела, откако ќе заврши со тренингот, да дојде да ја прашам нешто“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас погледнав во Земанек и реков: „Прашајте ја, дали сака, по тренингот, да се омажи со мене?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тренинзите и трките се одвиваа на еден рид близу градот, што сите го викавме Зајачки Рид, не затоа што таму имаше зајаци, туку затоа што ноќе таму се состануваа љубовни парови и водеа љубов по автомобили, на брзина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги памтиш необичните нешта твојата лична мнемо-поетика е тренинг секојдневна вежба на „јас сум“ и „јас не сум”.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тренингот - да се биде во состојба, кога си најблиску до целта, таа одново и одново да се оддалечува - служеше за сета животна неволја да се прифати без посериозни проблеми и пореметувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тренинг Го пресоблекувам паметот во лесни мисли.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
А времето што сум го арчела без врска во домаќинлак, го посветувам на „пилатес“ во затворено и тренинг под отворено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК