треска (несв.)

- Какви одаи, по ѓаволите? Што трескаш? Јас одаи не барав. Во друго беше работата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш бегаше. Ја напушташе. Грубо ја напушташе. Навредливо. Без поздрав... Трескаше со вратата. Простачки...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дај ракија, вели, каде е ракијата, да се соберам. Ја наоѓа ракијата и само пие, треска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се тресат, се трескаат, што се вели, никаде не ги собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И не трескај. Уште не се стоплило за да излезат змиите од под камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
КИРИЛ: Не трескај глупости. Имаш морска болест. Ќе ти помине.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
БОРИС: Фала за сѐ. КИРИЛ: Не трескај. Во исти лајна сме. И ти би ми помогнал мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ја тресеше, но таа сѐ уште му се смееше в лице. Ја трескаше, ја шутираше со ногата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Том немаше прилика ниту да вресне пред толпата што викаше и трескаше, топотејќи кон портретот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Секогаш само тоа и си го правел“, рече таа, трескајќи ја вратата од шпоретот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ракетните бомби трескаа почесто од кога и да е порано, а во далечината повремено се слушаа силни експлозии чие потекло никој не можеше да го објасни и во врска со кои се ширеа неверојатни гласини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК