тримесечје ср.

тримесечје (ср.)

Состојбата одлична, особено во третото тримесечје подобрена, стоотстотна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако ЗПИО од 1993 година пропишуваше дека овие надоместоци не можат да бидат пониски од 60% од просечната плата остварена во Републиката во претходното тримесечје, од 1997 година тие не можат да бидат пониски од 40% од просечната плата (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Државен завод за статистика, Активно население во Република Македонија, Резултати од анкета за работна сила, II тримесечје 2015 година, стр. 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)