тркне св.

тркне (св.)

За среќа, најстариот калуѓер забележа дека бардето со вода беше замрзнато, па Бајко се предложи, наместо измеќарот, тој да тркне до чешмите на крајот од панаѓурот, да наполни тазе вода, и за пиење, и за миење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ајде, не натегај се, тркни до главниот влез. Вратата ќе биде отворена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тркнав до скалите и од мала библиотека, извадив енормно дебела книга.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Љубителот на алкохол у секое време може да тркне до најблиското продавниче и да се снабди со пиво, вино и ракија, за разлика од кутриот џанкер, кој мора да го брка маалскиот дилер, а воедно и да се крие од алфи и џандари за да не заглави у ќорка поради 5 грама трава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неретко од Трпејца знаеја да тркнат и на шопинг во Грција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имале долгогодишен имотно-правен спор за поделба на нива па решиле наместо на суд да тркнат до кај Матновидецот 2 на една исцелителна сеанса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Знаеш дека денеска и малку порано излегов од работа, морав да тркнам до Качарево да го доорам она парче што ми остана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)