трошен прид.

трошен (прид.)

3. Наквечер дојди, наквечер, наквечер - в прва темница, мини го прагот раскапан влези во трошна одаја, на миндер седни накривен со каракамен на гради: каде е, каде радоста каде е куќа весела?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Дочекана од бусија, шумската кралица се лизна по стрмната, трошна земја и падна настрана, клештејќи ги забите во залудното обидување да го фати песот за грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беа добри, средни компири од едно добро семе, бинте, што успеваше одлично во планинската земја, бели и трошни кога ќе се испечат, но го зачуди тоа што ги имаше толку малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една цигара фрлена на подот. Претседателот не се ни обиде да го отвори прозорецот. Трошено стакло, џгром.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко ми, беше просто исфрлен од брановите на судбината во ова сега познато козјо маало, во трошната куќа крај реката, под сенките на мамутските тополи засадени уште во времето на Отоманското царство и тешко се соживуваше со ова време на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Собата во нејзината трошна куќарка залепена до зградата, немаше никаков поглед и видик, бидејќи пред прозорците се издигаше ѕидот на новата зграда.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
7. Минувајќи еднаш (којзнае зошто, веројатно за ништо) по старите улички, Грдан се сети како чекорот му подзапира крај една ограда што му се стори позната: висока телена мрежа, уште повисока жива ограда, наместа не само оштрбена туку и поткопана, како под неа да се провирале зајаци, зад неа голем двор, изгазен и гол, со ретки стари дрвја и сосема во дното долго трошно здание, со препознатливата нечисто жолта фасада на државна установа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дворот во кој влегува Корилче е доста широк а куќата приземна, трошна, така што сосем потсетува на нивниот селски живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да, тоа е ова парче каде што мазилката од ѕидот е падната. Нешто трошно, влажно има во тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На врвот на разлистената крошна Врабецот брсти безброј искуства Јас си брстам една вкусна овошка Врабецот не мисли на снагата трошна Ниту на можните латентни зла Мислам помудар од мене ќе е – блазе нему А тој пак може си вели – оваа ќе е без ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тој веќе не ја погледна. Таа одеше по нас до излезот од трошната куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во некои од трошните куќи зад прозорците стоеја полуголи девојки и ги довикуваа мажите кои чекореа по уличките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја фотографирав нивната трошна, напуштена куќа, нивите преку каналот, дрвото во дворот, пасиштата, сокачињата во селото, бакалницата... потоа ги редев фотографиите (тогаш немаше дигитални апарати) како сложувалка за да го составам Сакулево, родното село на Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во трошната куќа некаде во Старата чаршија. Под покривот што прокиснувал кога врне.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ханка со својата ќерка Азра живееше во една од неколкуте трошни куќи начичкани една во друга како печурки меѓу хангарите во индустрискиот дел од градот, на десната страна од населбата Автокоманда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Уморен, броејќи ги чекорите тешко се влечкаше како претепан пес кон трошното куќарче, пикнато во строгиот центар на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сама, поосамена од камен, од витез железен во трошна антикварница. Отфрлена, опкружена со погледи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Листови од камен трошни, лулка на цивилизација оваа земја негува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе