тројца бр.

тројца (бр.)

125. Не случајно Мисирков зема тројца од Охрид што се свртеле на три различни страни и се ставиле во услуга на трите националистички пропаганди за завојување на татковината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За потврдување на тоа доста е да се потсетиме на тројцата: господата Бешков, (74) секретар и gerant на Трговското агентство во Битола, Цоков, (75) дипломатски агент во Лондон, и Станчев, (76) таков во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш ќе дојдеа на широчината тројцата студенти и ќе седнеа на дивата трева крај децата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа - тројца акробати на трапез, пет дресирани кучиња, кловнови во шарена облека.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа така си кроеше: тројца браќа се: Стојо, Илко и Трајко; три куќи; три таками за куќите. Море — волови; море — овци; море — товарни добици, пашита, море — нивје за тројцата браќа, три пералника, три месариика, три ѓума, три тави, шест тепсии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот жени, Андо Андовски мажи, а Рожденката — и жени и мажи. Сите тројца збираат сватови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И застанаа сите тројца да го слушнат Достиниот одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На еден празник пеевме тројца - ти, јас и белиот нарцис во тешкиот кристал.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седиме тројцата згрчени над разгореното мангалче и чекаме да зашушкаат над нас крилја на диви пајки, да шлапне водата од нивното паѓање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Штом сме сите едно, да останеме едно. И поаѓаме тројца со две пушки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите тројца имаа суви, студени раце а на улица дождот без мака го проби неговото и онака влажно палто.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак ... тројцата се силни млади селани, три стебла од иста шума.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега над него беа тројца, темни и загрижени, па не се праша како дошол третиот, туку погоди: нешто стануваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги познавам јас тројцата од нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Секој од вас дванаесетте души ќе соберете од по тројца свои луѓе – комшии и ќе ми ги донесете за еден саат овдека на сретсело; разбравте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И дури тој се искачуваше со тројца другари по скалите за да дојде до вратата каде што беше кадијата со Анѓа, каданите, Ајша и Сефедина, другите петина се изјазија до прозорците, давајќи си грб и раце еден на друг.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но една смрт во едно соседно село ги одвлече сите тројца на друга страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Излегоа тројца од три кожурки на своите соништа а тој, претпоставувајќи во нивните сонливи очи топлина и чувство, ги праша со рапаво грло: „Каква е оваа ноќ, оваа проклета црна ноќ?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само за последните шест-седум години во гратчето се сменија тројца господари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе