трпеза (ж.)

За Гегата рајата трпеза полна ќе даде; рајата има, се гледа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јадоа сватовите, пиеја, играа, фрлаа пушки пиштоли, изгореа петстотини ракети од разни бои, — и за напад, и за отстапување, и за примирје, — и веќе предзори едни си разотидоа, други капалдисаа и позаспаа околу трпезите.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа и бабата Тода си седна каде што и е редот — на долниот крај на трпезата и убаво си се накрка од дебелиот грашок и топлите погачи, та за царевка непара се стегаше оти беше без заби.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Да сте живи и здрави! — и посегна, и бакна рака на Стојанка и ја поведе горни крај на трпезата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но додека го јадеш црниот, не ставај го на трпезата безволно, презриво: тоа го убива апетитот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Молчеливо седат крај трпезата. Ручаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овие рипки можат да се видат на сите трпези. Богатите ги пржат или печат јадејќи ги како мезе со вино.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Другарите ја исполнија својата обврска и нивните тела се трпеза за црвите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Децата беа некаде настрана, со други деца, на друга трпеза.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знаејќи што да прават, очаено седнаа на трпезата пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Расцутен двор, камбани што корнат еден дрвен крст И го фрлаат меѓу ѕвездите, Празничен чаршаф, свеќа што догорува И твојот празен стол покрај трпезата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ТРЕВА Семето го фрлив со силни зафати на широко од изгревот кон залезот и земјата се посла со жолтите зрна како трпеза од брашно оросена.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сега го гледаме како се врти со толчникот на сонцето среде чело та ни греат и ни пеат воденици викајќи го класјето на гумно збирајќи го денот на трпеза.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Да си замислиш еден прозорец И на прозорецот да си ја видиш сестричката Пладнето што те довикува за ручек, Да седнеш на трпеза покрај татко ти, Тој да го крши лебот и да го бакнува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Располага со една подвижна трпеза и со неколку столчиња. Креденците се заменети со неколку рафтови покрај ѕидот. И, речиси ништо повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А јас, добри мои, во разговорот за лебот спомнав како се раѓа лебот, колку труд е потребен тој да дојде до вашата трпеза.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Левтерија само принесува јадење и трпезата гледаш се полни, ќе се прејати. Од тежина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК