трпеливо прил.
трпеливост ж.

трпеливо (прил.)

Одиш по улица и ти се чини дека сака да те поваса, да те потоне во калта трпеливо и без остаток.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Свечерувањето пристапуваше тивко и Глигор со едно мирно чувство во себе трпеливо раскажуваше за своето последно бегство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега можеше уште само да стои увиснат на прозорецот во одајчето, откако ја затвори зад себе вратата, без да фрли ни еден поглед назад, а пред него снегот продолжуваше неподносливо трпеливо и вртоглаво да го ткае својот превез под паднатото небо, безизразно и морничаво празно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко знаеше колку ѝ е лесно на таа челична ламја да се спушти надолу во еден замав, таа како од играчка би загризала во дебелиот трупец и би продолжила со една ритмичка постојаност да полетува, вивната нагоре, како некој челичен галеб, а потем да паѓа пак, и пак и пак, како од шега, трпеливо, без сенка од какво и да било напнување, без никаква измореност, сосема лесно, всушност тоа како да беше за неа единствениот начин на постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа трпеливо ни ги објаснуваше улогите, ни ги оживуваше ликовите што требаше да ги претставуваме, ни покажуваше како треба да го изговориме секој збор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чекаше трпеливо, со надеж дека ќе го фати крадецот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Трпеливо ја слушавме свирката и песната, додека низ салата проблеснуваше некаква таинствена светлина, која само на мигови ги откриваше ликовите на младичите и девојките, а веројатно и - нашите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трпеливо ми објаснува. Дури и ми покажува кој прст каде да притиснам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Татко ми загадочно молчеше, трпеливо ја смируваше со благиот поглед на своите сини очи, од кои секогаш зрачеше надеж.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Адвокатот гледаше во Хелвиг, трпеливо оставајќи го да се искаже.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Старата трпеливо го чека синот заминат во Волонгонг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чека таа, а трпеливо чека и снаата Верка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Укажа посебно на сериозноста на пишување проза - што бара трпеливо прибирање податоци, критички однос кон нив, формирање ликови, макотрпна деноноќна работа - некогаш на машина за пишување, а сега на компјутер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ете, вредело да се вложи труд, деноноќно бдеење, трпеливо редење збор по збор - недобројана низа... младите тоа го прифаќаат, го кажуваат како нешто свое, блиско, доживеано...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка внимателно и трпеливо го слушаше. Не го прекинуваше Татка во неговиот занес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш, кога се случи она со Бошко, пак беа со него и тој, веќе подготвен за секакви изненадувања и неволи, најбрзо од сите се созеде, небаре беше создаден не само трпеливо да ја поднесува својата несреќа, туку и да им ја олеснува на другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сум имал досега во животот човек кој толку трпеливо ќе ме чита.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе