трпнеж м.

трпнеж (м.)

Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако не и е првпат ноќе да стои на стража, овој пат, дали поради немирот што ја опфати кога комесарот сите ги истера од топлата земјанка или поради тишината што настана со наглото престанување на вејавицата, таа почувствува некакво нејасно студенило и трпнеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И трпнежот почна да ја боли, да ја гори, да ја пече.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК