тртка ж.

тртка (ж.)

- Зошто тртката, мајче. - Зашто ни тогаш немало светци. Станувајте и патувајте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудно било што и до тој суров Онисифор се допира набожноста на очајот, што едно од многуте пипала на тој очај се движи кон неговата загатливост, зашто само тој пред поаѓање не ја отпечатил крвта на својот палец и показалец во манастирското Евангелие и зашто само нему му рекла игуменијата Минадора дека ќе му суди под бочва некој калуѓер Кузман или Дамјан доколку му никне тртка на носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А оној, мајче, крадецот? Му пораснала ли нова тртка?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вака: „Нека ви е жива умрената полупринцеза Мара Цанцарка со тртка на носот...“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Со тртка на носот... – се кикотат играчките во хор. - .... со тртка на носот, накаде да одиме за да не се загубиме?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А шатката со смешна поткрената тртка!) Доволна причина да ја обвини дека го исмева.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еднаш, кога седна на истово столче, таа, без зла намера, повеќе на шега, му рече: „Си гледал шатка како трча, со крената тртка и поткастрени нозе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)