трчаница ж.

трчаница (ж.)

Слушаше трчаница. Го отфрли од себе јажето и стреловито се пикна под една издадена в страни карпа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Трчаница стаса до дома, ја зеде чантичката и побрза.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Така три дена на големиот одмор трчав до самопослугата, купував, трчаница се враќав и зад училиштето јадевме секој по четири чоколатца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа го сторив трчаница. Ме чекаа зад училишната зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се облековме. И трчаница: преку насипот, па низ паркот, низ Илинденска, плоштадот, преку пругата - дома.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Утрото се потплаши од вревата што се накрена, од трчаницата и викотниците, бидејќи сите тие расфрчкани купчиња од мажи жени дечиња баби и старчиња се собраа во едно клопче и клопчето се зафрчи како тркало на кај композицијата, бришејќи сѐ пред себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тргна крадешкум, зашто за трчаница немаше ни жили ни сили, нагоре кон планините, каде што остануваше единствениот излез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Ване му стана јасно дека нема да се откачи од Гера додека, барем на трчаница, не го повторат патот од меѓумаалската полјанка со одраните колена до шарената кошула на Геро и неговата бензиска запалка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не ни дозволија да ја преминеме границата. Свртивме и трчаница фативме пат за Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Речиси излетав низ вратата од таксито и со трчаница влегов во куќата за што побргу да си легнам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Трчаница влетуваат во првите ровови. Истрелите папсаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)