тупот (м.)

IX Мајка нестрпливо го очекуваше Татковото враќање од Судот. Го препознаваше од далеку благиот тупот на неговите час забавени час забрзани чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Проѕирната стија, конечно, го има во својата уста, и јас ќе го однесам кај оној што го бара и го нарача2, за да прогледне, да оздраве, да се успокои, за да ѝ исчезне и омразата кон тупотот во твоите гради - изворот на нејзината несреќа“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако ќе ја забележеше бараната книга на свое­то место, ќе ги сетеше, низ тишината, Мајкините чекори, на излегување, како тивок тупот на нивната заедничка среќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)