тура (несв.)

ДЕПА: Што натемаго е! Кога ќе се зазборува!... (Мара турува од ѓумчето ракија во филџаните.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Нивните амбари се полни со ланско и поланско брашно. Кога го тураат — со кросно го набиваат, а кога го вадат — со мотиче го копаат. Тоа се вели домаќинлак.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Сега нека ни прошчава, ако е гостин Ило, нека тура, а ти борави.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе види дека тапата не се вади, удира со грлото од шишето од масата, го крши, тура и со долги голтки, жедно пие.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Трајче тураше брашно, а Евто мешаше... Кога кашата се згусна, качамакот беше готов и сварен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нема кај да го тура, бацко Крсте. — се провикна едно младо голобрадо момче од Врпско.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пак му ги турам во пајнчето, Ех, некако се напи: на трипати, на четири, Голтни, па издиши, почини се. Па пак голтни. Така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, сега наведи се, ми вели Маса Ќулумоска, да ти турам малку и во вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После само слушаш: - Не турај ми в уши. - Господ да те поживее, оти свеќа ми запали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ги дупнат под гушата и со црева, со сонди ќе им тураат млеко, каша...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми тураат сосила, а јас ќе плачам и ќе повраќам. Тие пикај, а јас повраќај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакав да се потсетам и се потсетив дека редовно ѝ турав вода и ја негував. А сепак, растението венееше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„А тоа не е крушка, туку чашка“, му велам јас, „и не ти турам повеќе ни капка, доста пиеше“, а тој воопшто, како да не ме слуша!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Штом видам жена, јас турам пепел на сѐ друго“, рече Дине очигледно не толку за да се претстави што човек е тука да се оправда за можните глупости кои му се судбина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вадеше црвена земја од ридот над куќата, фрлаше во неа малку плева останата од некогаш во шталата, тураше вода, и мешаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи