туркање ср.

туркање (ср.)

А вака со туркање не бркаме работа — и го запна грбот во стената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Германците се во Братиндол и во Ратиндол. Под Пелистер. Со нив има и Бугари и Унгари. За туркање на топовите ги зеле. 188
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Туркање во кујната на неколку протагонисти во исчекување нешто да се случи имаме во Kitchen, каде Еди Сеџвик кива во текот на целиот филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Толку е млада, си мислеше тој, сѐ уште очекува нешто од животот и сѐ уште не сфаќа дека туркањето на некоја несакана личност преку работ од провалијата не решава ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе собереше поголемо купче и кога ќе се измореше од товарањето и туркањето на количката, онака испотен на августовската жега, седнуваше само за кратко и испиваше голтка ракија од едно плоснато шише оставено до новиот ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)