турчи несв.
Турчин м.

турчи (несв.)

Не рачил е мрсниј Турчин кашти ни да газит, он не можеше да љубите 6'лгарски девојки, не е мог'л да ги турчит, в свој харем да држит, да не могат да излезат испод тежок затвор, да не видат свет ми божиј, ни па се'лнце јасно...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
САВЕТКА: (ја трга на сила за да стане). Свести се, мори, ќе те турчи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас му требам нему како аза, зошто да се турчам?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Нека му е на помош“. „А жена му и децата не се турчат?“ праша кадијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Велат - сега можеш да се турчиш ако дошол таков зорт, ама после пак можеш назад, да си станеш рисјанин, и да се покрстиш„.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)