тутка (несв.)

ХРИСТОВ: (За сето време гледа в земја и ја тутка во рацете својата шапка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се туткаа потоа со човекот што го тераше во долга просторија, без достатна виделина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само го погледна Глигора, кој презриво го туткаше челото. И Глигор насетуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Проедросот сечеше брзо и вешто, ја префаќаше фашата, му ја туткаше на Шишмана в раце и пак го подметнуваше ножот, подавајќи ја раката како да ќе му го брцне одоздола в стомав.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Слушам, Чако подлавнува. Отпрвин секиденски, а после погласно и пострвно. Јас се туткам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е ај, со здравје, велам и го туткам писмото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се наведнува, го збира, и пак го тутка, го гмечи со палецот, го витка, небаре дете да повива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се туткаме во шинелата од Пападимитриу, се завиткуваме со Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го туткам сето во мене, го стегам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не, не. Тоа не е за таму. Тоа е за да го тутка машка рака...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Се туткам и се држам за Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Жената ми го тутка лажичето со трошка двопек.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа, со движење што беше речиси сосем несвесно, ја туткаше оригиналната порака и секоја белешка што тој самиот ја направил и ги фрлаше во дупката за сеќавањето, за да бидат уништени од пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите тие имаа пластични кеси или торби што ги туткаа под мишките и во скутовите, жените дури и како да ги напикуваа меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Калија се туткаше околу огништето и распрета неколку гламњи, за да ја притопли вечерата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Почна да се тутка, не знаејќи како да почне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но неговото постојано присуство и верност, исто така можеа да ја закрепнат надежта дека за ден-два сѐ ќе се измени, да не беше чемерот на душата кој се туткаше од солзите како натопено алиште.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе