туч (м.)

На кантар студен со туч го мерат а можат ли да го измерат, нашиов тутун - нашава мака нашава солена пот!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А Пане држи токму такви прстење какви што носат мариовките — жолти, од туч, се разбира, но нели се жолти, најблиски се до златото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само апла не лажи го: тупаницата тој своја како туч во камбана за удар ќе ја висне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Нејсе, кога конечно го фатив и се опитав да го кренам, сетив: тежина олово. Туч тежина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И продај ми го ова парче туч дека мене ми требат за работење.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со секој чекор скалите ѝ изгледаа како планина, а нозете тешки како туч, иако околностите налагаа дека таа треба да лета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако чекорите кога Рада се приближуваше кон домот на Крстиќи, ѝ беа тешки како туч, сега чиниш ѝ се претворија во крилја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекаше, со поглед вперен во сонцето, да испарат солзите заедно со болката која со години ја притискаше како туч.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)