уапсен прид.
уапси св.

уапсен (прид.)

Ние сме уапсени и рехабилитирани, велиме, од Југославија имаме виза, од вас уште немаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чувме дека биле повторно уапсени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора да беше во 1965 година кога овие тројца беа уапсени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу потоа сите тројца беа повторно уапсени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истакнуваат дека сите учесници во демонстрациите биле уапсени и “веројатно ќе бидат стрелани под обвинение за фашистичка активност со цел да не се нарушат односите со сојузниците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој знаел дека речиси сите уапсени немале врска со солунските атентатори, но го знаел и тоа дека голем број од нив имале врска со Македонската револуционерна организација, иако немал конкретни докази да ги испрати на суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речиси сите покрупни трговци македонци-егзархисти во Солун биле уапсени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Занданите со кои турската влада можела да се пофали ниту оддалеку не биле доволни да ги соберат уапсените Македонци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ова правило најдобро дојде до израз при познатата акција на МВР, која имаше неславен судски финиш – „Змиско око“, а во која беа уапсени десетици вработени на македонските патарини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да го потврди тоа, изворот го цитира извештајот дека партизаните за време на својата демонстрација во Скопје во корист на одењето на Солун биле уапсени и предложени за стрелање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК