угич м.

угич (м.)

Пак Марко Попов прв фати рака со Толета, како угич прв што скака во реката а по него сите овци и јагниња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ете го клопотарецот на шарениот угич што го води стадото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Види го, како угич во брави! — проговори Толе уште пред да разбере дека тој е Гоце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)