узрее св.

узрее (св.)

Не, и ако отидеш кога узреат маслините и од глувото пристаниште првиот кораб крене, ако сетиш некогаш во бурјанот на годините како се исчезнува и полека вене.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја понесе од тоа само леснината на трезноста, од која чекорот му стануваше поцврст, а задоволството со себе заминат и од целата таа утрина сега можеше да му узрее во радосна насмевка, што ја сети во своите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се вративме молчејќи, скитајќи од една до друга пустош во душата, чувме прекрасна вест: спикерката на телевизија соопшти дека во Македонија узреале првите цреши.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Кога втасаа толку да узреат?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот со кого јас седев, кога мислеше дека работата узреала, пак го викна оној лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Берењето на грашокот кај Рози побудуваше измешани чувства на задоволство и тага - задоволство поради бербата на нешто што узреало, а тага поради престанокот, поради крајот на нештата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
4.  Ако, врз основа на расправа, узреале за конечна одлука само некои од повеќето тужбени барања, или ако само дел од барањето узреал за конечна одлука – судот може, во поглед на узреаното барање, односно за делот од барањето да ја заклучи расправата и да донесе пресуда [т.н. делумна пресуда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот е должен, без одлагање, да донесе делумна пресуда ако врз основа 115 на признание или одрекување од повеќе истакнати барања само некои узреале за конечна одлука, или ако само еден дел од барањето узреал за одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При оцената дали ќе до- несе делумна пресуда судот особено ќе ја земе предвид големината на барањето или делот од барањето кој узреал за одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако не верувате, немоќно додава човекот со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, прочепкајте низ животот ене на оној онде, Чарли Чаплин, видете колку му е тажна насмевката на постерот пред влезот на кафулето, во таа насмевка се стуткани сите наши мечти што никако да узреат уште од пред да го гледаме Големиот диктатор.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)