умилно прил.
умилност ж.

умилно (прил.)

Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тетка Фора го запробра огнот во огништето и зацрцори умилно како што ѝ беше табиетот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Цигарите ги пикна в пазува, а кутијата ја намириса, нешто прозбори и умилно се насмевна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Умилно се загледа во големите и црни очи на Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)