умири св.

умири (св.)

Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие го видоа караулот, а и тој ги виде и ги дочека да му се приближат: — Вила, другар, вила! — викна од десетина дваесет метра Тоше, што караулот го умири и одговори: — „Вамо", другар „вамо", ајде, побргу влегувај во растот да не се парталиш на пресопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден прост овчар селанецот Толе Кулиќев ги умири сите востанички водачи со два збора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само да ме тресе и да тлеам, да не може мршата да ми се умири.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
XXI Очигледно, ниту татко, ниту Чанга немаа дефинитивен одговор на прашањето зошто животните избираат умират во темнина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И сите бевме задоволни: Лествичникот пак Писмородец стана, престана да ме бие, логотетот се умири, и сите слова само едно значење добија, само една душа во секое сочинение се настани. И сите исто гледавме, и јас еднакво.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)