уморен (прид.)

Уште рано изутрина, веќе капнат уморен... А до вечер, уште колку работи... сѐ на нозе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уморните бегалци со радост ја примија поканата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Гледајќи ги луѓето- гаврани со своите уморни очи, навлажени со солзи, од старост или од жал, тој одеше пред полицаецот и свиткан под тежината на животните неволи ги шепотеше молитвите на своите пцости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги запираше домаќинот, Стојо Батанџијата, ама тие рекоа дека агата е уморен од патот и нејќат да му додеваат вечерва, та од утре натаму имаат време, ќе поседат и повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа се насмеа. Уморен си, ми рече. Одмори се.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И ќе бев ли помалку уморен в постела и помалку ли ќе мислев на своите болни (часовници, шуми, едра), кога ќе го чувствував крај себе твојот врел колк?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очите на машинистот не беа зачудени, беа уморени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Еден љубопитлив зрак се гушна со моите коси и ритамот на бледите раце ги изненади градите уморени.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Патема трипати ги сменуваше коњите, остави уморен, земи одморен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По него заплускаа и каданите, а Халиле уморена, се истрча и се испружи до него на постелата, клавајќи ја својата мала главичка на неговиот скут.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Соседните куќи изгледаа тажни и уморни под дебелиот снег што ги притискаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Наметнат со долга и сина, како водите на езерото антерија застануваше на најдолното стапало и вѕираше уморен поглед во водената површина - сѐ додека по неа играа сончевите зраци...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гласот на тоа човече со уморна насмевка брчеше задоволно и еднолично.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше уморна од лоши соништа и со разголени стаклени очи под кусите клепки додека сето лице покриено со видлива пајажина на влакненца и беше неприродно набелено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уморен од долгото барање, сликарот никако не можеше да се реши од каде и како да започне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Или бил уморен, или глава го болела или некоја грижа си имал.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој му ги покажа од мракот своите сетерски уморни очи и воздивна: „Не ви се потсмевам, а адвентистот, таа потајна омраза свртена кон број 9, се замеша: „Не сфаќам зошто би ни се потсмевал овој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе