усвет м.

усвет (м.)

Му ја дувна некаде со парите и нас нѐ остави, ко брбушки на цедилка. Сами во планината. Усвет и Бугарија и бегање!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А после, ко се пушти одењето на печалба, многумина фатија усвет, заминаа во Америка и во Австралија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кучињата усвет фатија, ама вревата остана и почна да расте и да се тркала.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А чумата усвет нека фати да даде господ, усвет од твоето маало, ама и од градов, оти гробиштана навистина станаа поголеми и од Скопје.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)