ускрати св.

ускрати (св.)

Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидејќи тие очекуваат нештата пред да бидат одлучени добро да се продискутираат, секое скратување на процесот ги прави да се чувствуваат ускратени или дури измамени!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите бракови меѓу членовите на Партијата мораше да бидат одобрени од една комисија именувана за таа цел, и - иако принципот никогаш не беше јавно соопштен - дозволата секогаш беше ускратувана доколку двојката оставаше впечаток дека физички се привлекува меѓусебно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја зедов, зашто секогаш кога нема да ја понесам со себе, имам чувство дека сум си ја ускратила можноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Овој миг сенките им се придружуваат на предметите: предметите се претвораат во сенки па кога би посакале да го посматраме двоењето на она што е едно таа тага би ни била ускратена.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Смртта е грдата утеха – од неа човекот очекува да му го даде она што животот му го ускратил.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако синдикатот, во рок од осум дена, не се изјасни за давање или ускратување на согласноста, се смета дека е согласен со одлуката на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа се надеваме дека книгава ќе им даде храброст и потребно знаење на македонските работници на кои им се ускратени или прекршени работничките права – тие да поведат и да победат во институционалната битка за нивна заштита и почитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Самата ќе си го ускратиш задоволството да не бидеш учесник во остварувањето на твојата потсвесна животна желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)