условеност ж.

условеност (ж.)

Ми се гади од детерминизам, ова е последица на тоа, ми се гади од условеност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
2 Данчо Зографски, Условеноста и намената на Велешкото трговско училиште од 1857 година - Школството, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата, МАНУ, Скопје 1979, 44. 2а Според Васил К'нчов, кој Велес го посетил подоцна, кога стопанскиот процут на градот бил минато, се изработувале до 400.000 кожи (Сегашното и недавно минало на град Велес - Избрани произведения II, София 1970, 196).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
– Сите овие пречки, според законот на условеност, човекот треба да ги надмине, достигнувајќи прибраност, преку која се доаѓа до самоодрекување кое, пак, е услов да се достигне смиреност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Камилски инсистираше на посебната условеност и поврзаност на атерот и севапот, макар семантички антиподно поставени, потоа и на постојаната актуелност на рушветот и калаузот кај Балканците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)