услови св.
услов м.

услови (св.)

Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа беше генетички условено. Тоа не можеше да биде припишано на човечка грешка, и во никој очигледен случај, на човечко зло.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Грчкиот декаден броен систем го услови оформувањето на декадниот систем на бележење на броевите со помош на графемите од грчкиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Борбата, секако, е условена со историските околности, но тоа не е никакво оправдување за потсвесното блокирање на свеста и за претпоставување на фараонската историја пред демократската форма на општество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Разликите меѓу луѓето си остануваат разлики, нив ги условиле долги историски процеси.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овие три работи се условени една од друга и невозможно е да се успее ако недостасува една од нив во триаголникот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За мене, публиката е дел од секоја претстава затоа што таа е сценски реалитет кој може и мора да биде подложен на режирање, само што нејзиното сценско функционирање е условено од умешно изработената претстава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го условив дека ќе дојдеме ако ни го плати таксито до таму, само заради тоа што ме напна да отидам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)