усреќи св.

усреќи (св.)

Поарно сега да мислиме како да ги усреќиме вештерките, оти понекогаш можат да бидат негостољубиви.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Какви врвни луѓе ме бараа да ме усреќат, а јас најдов човек што јас ќе морам да го усреќам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Самиот ги избира жртвите што наумил да ги усреќи, самиот тој ќе одреди кого ќе го поплука, а кого ќе го фрли и во шепите на смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не спомнав дека со ова што го кажувам застапувам еден свој принцип, инаку да бев искрен ќе го речев уште веднаш она што навистина го мислам, дека не верувам оти тој, што ја одвел ќерка му, ќе се усреќи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А притоа не можам ни да си замислам моето професорче колку е усреќено со ангажманот во мојот случај?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Голема по својот дух, таа не само што ќе го понесе товарот, туку и ќе се усреќи од сознанието дека може да се размножи повеќекратно и дека својот голем дух ќе го подели со своите деца, давајќи им духовно богатство.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и за тоа, колку ја имаш усреќено, немам ни збор слушнато".
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И ако целата мака усреќи некого и се претвори во задоволство тогаш сме ја постигнале целта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Арно ама, младите полицајци не гледале стари филмови и неуморно буричкаат по минатото иако знаат дека нема да си најдат паричка што ќе им ја усреќи иднината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Вашата среќа ме усреќи и мене.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Каква среќа! Конечно и тој дом да го усреќи детска радост и смеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стомачето ме усреќи со две мечиња што седеа на едно големо црвено срце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)