утопист (м.)

Го додавам своето убедување дека и мистичката и естетската проникливост во својата егзистенцијална полнина ќе биде достигната дури во една потполна демократска општествена форма сонувана од многумина утописти и историски спроведувана од одредени прагматисти (барем во иницијален облик).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко и Игор Лозински остануваа сигурно единствените балкански утописти кои беа готови да го следат патот на јагулите низ водениот дел на планетата, поврзувајќи си ги и своите судбини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека Исток се будеше во жестокиот антисоветски и антикомунистички револт, на чие чело застануваа Вацлав Хавел, Лех Валенса во самоуправна, неврзана, демократска Југославија, преовладуваше дефетизмот и конформизмот на некогаш среќни владетели -утописти, кои не можеа да веруваат дека нивниот сон завршува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Автодидактите особено во доменот на јазиците лесно стануваат утописти, а понекогаш и идеалисти. Тоа се случуваше со Татко и Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)