фабрика ж.
фабрикант м.

фабрика (ж.)

По нашите градои, фабрики, села, далеку одовде до Јадранско море, ден нека се слави, Републико мила, глас нека се чуе до небото горе!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ти си дом наш светол на работен народ во секоја душа, град, фабрика, село живееш и растеш а со Тебе ние, Републико наша, наше дружно дело!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Му исплива во паметта фабриката во која работеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во градовите илјади безработни топеа сили крај високите, угаснати оџаци на фабриките и под пустите посивени ѕидишта од напуштените градилишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од другата страна на улицата беше широката порта на тутунската фабрика.
„Белата Долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ете, пак Гоце е жив! Тој живее во секое училиште, во секоја ливада, нива, куќа, село, град, фабрика...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Неуловливиот комита е меѓу своите другари во изградбата на првата фабрика која за народната борба ќе произведува оружје и муниција.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Човекот ја однесе чизмата во фабриката на крај град, а таму чизмата ја стопија и направија од неа голема и црвена топка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тогаш од каде може да го познава тато, кој работеше во фабриката за изработка на цигари.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Девојките од Скопје, кои патуваа со мене во дертмунскиот експрес, сигурно веќе работат во некоја германска фабрика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од разговорот разбрав дека тројцата биле од едно село и дека сите работеле во една фабрика за гуми во Ахен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А со нив и големите фабрики за производство на разновидни оранжерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се планира да се изградат толку и толку електроцентрали, фабрики, рудници. Потребни се.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од источната страна - фабрика за кожи и цигари, од северната убаво широко џаде, од обете страни и парк – само ружи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко му, некој сапунџија, имал фабрика за сапун, го пратил во Париз за да учи за лекар, ама кога му кажале оти син му по дипломирањето отишол во Шпанија, се откажал од него преку весник. Пезевенк човек. Пфу!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ви спомнав дека во близината на логорот има фабрика за преработка на кожи?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се вративме во фабриката и Оливера Поточка се пријави за ковач.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се запре работата во фабриката, нè изведоа во логорското двориште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ние, со проштение, сè кај што работиме: и јадење и мочање и сето друго го вршиме во фабриката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не во фабриката. Има работилница дома, а бонбоните ги продава во малото дуќанче на Бит-пазар, - ме исправи дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи