фаза ж.
фазан м.

фаза (ж.)

Испитувањето за нас домците течеше во неколку фази.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во првата фаза беше одредено да се евакуираат децата, жените и старците, додека другите ќе останат во селото до втората фаза за да не опустошат куќите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие мораа да докажат и покажат дека социјализмот мора да успее, по фазата на насилната колективизација, национализацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бодлер доживува слична состојба и кажува: “Нотите стануваат броеви, а ако имате и малку дарба за математика, мелодијата и звучниот склад што го слушате задржувајќи ја својата сладострасна и сетилна карактеристика, се претвора во широки аритметички операции во кои броевите раѓаат броеви и чии фази и настојувања ги следите неверојатно лесно и снаодливо, токму како изведувач”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како последица од долготрајната употреба се јавува зависност и толеранција (корисниците се приморани да ја зголемуваат дозата), и во оваа фаза нуспојавите се чест случај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Национализмот исто така вклучува, во оваа фаза, воспоставување институции кои се приближуваат кон, или ќе станат институции на, државата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие откритија ќе ги постават координатите за неговата позрела фаза.
„Маргина бр. 21“ (1995)
По оваа фаза ќе дојде интерактивната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во јануари минатата година му открија дека има рак на простатата во поодмината фаза, така што операцијата не би помогнала.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По насловната фаза, која ви дава кратко објаснување на Југословенскиот конфликт, се пристигнува во интерактивниот мод, што се состои од три нивоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Големи изненадувања веќе не се веројатни, ниту пак тие во оваа фаза на својата игра ги посакуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Општо земено, филозофската дијагноза покажува дека плуралитетот со право претставува суштинска одредба на Постмодерната и дека ние денес живееме во преодна фаза.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Во одредена фаза од оваа воинствена историја разни племиња се „соединуваа” по национални основи, и едно време тоа „цивилизациски” функционираше, но да не заборавиме дека во таа функција спаѓаат и две светски војни.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Сега е во фаза на размислување и секој момент го очекувам нејзиниот одговор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подемот и падот на овие авангардни движења ги постави почетните и завршните точки на првата, УТОПИСКА фаза на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ.
„Маргина бр. 36“ (1997)
„Ние го контролираме животот, Винстоне, во сите негови фази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК