фазон (м.)

Можеш со нив, ако ти се посака, да го плашиш Методија или Ивана, да изигруваш пред Младичот дека си член на Централниот комитет или човек од самите врвови на организацијата, но не заборавај, ти се молам, дека сите тие фасони, кај мене, не врват.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Понекогаш би собрал нешто од Вин, која беше прва за која знаев дека се облекува во S/M фазон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги носеле многумина, од дрводелците- авантуристи во канадските дивини, преку сафари фриковите во фазонот на мачо- мустаклијата од рекламата за Камел, до модерните припадници на џет-сетот кои во морски авантури тргнуваат со своите деветометарски јахти (можеби оттаму и другото име за овие мокасини - бродарици).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сето тоа го правеше амфетаминот, но најинтересно беше тоа што Били умееше да ја пренесе атмосферата на оние кои воопшто не беа во тој фазон: обично луѓето на спид правеа нешто што им беше само на нив интересно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, да знаеш, ова е навистина добро, сега толку ќе се искомерцијализираат дрогите, што веднаш ќе излезат од фазон.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од 1960 г. кога Поп Арт- от прв пат се појави во Њујорк, овдешната уметничка сцена беше толку во тој фазон, што дури и тврдоглавите европјани мораа да признаат дека сме дел од светската култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И тоа ми бил некој фазон! – велам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Личности кои се облекуваат прилично добро, само поради следење на модните шаблони излегуваат од фазонот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)