фалсификување ср.

фалсификување (ср.)

Нашите лежерни и самодоверливи писатели се фасцинантни, не ѝ се гледа крајот на нивната “дива фикција”, новиот литературен жанр, со кој ингениозно ја задолжија, старата поетика на фалсификување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
5. Против фалсификувањето на нашата историја и обезвреднувањето на големите луѓе За стравопочит спрема минатото Emil Ludwig, Werner Hegemann
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Весниците и учебниците по историја, се разбира, отсекогаш биле пристрасни и обоени на некој начин, но фалсификувањето од овој вид што се практикува денес било невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само еднаш во животот тој поседуваше - и тоа по настанот: а тоа беше важно - конкретен, непогрешлив доказ за еден чин на фалсификување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако задачата еднаш беше извршена, во никој случај не би било можно да се докаже дека било извршено какво и да е фалсификување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По ликвидирањето на мамутите и идеолошкиот раскин со диносаурусите, опосумскиот монотеизам преминува кон својата наредна фаза: фалсификување на праисторијата.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И конечно, во казнивите дела против правниот сообраќај постои и делото „Фалсификување исправа“ според кое тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Обидот е казнив (чл. 378, ст.1-2 од КЗ). 271
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јован беше специјалист за фалсификување на документи и отвори еден шифоњер во кој имаше гардиски униформи за две чети.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)